Перничиња со џем и ореви, меки колачи, едноставно се топат во уста

777

Посни колачи на кои никој нема да им остане рамнодушен. Овој рецепт се пренесува со генерациии, а различна е само формата во која можете да ги правите ванилиците (кифлички, бовчички, лепени како ванилици…), како и составот на џемот. Се подготвуваат многу брзо и лесно, не им треба стасување и посебна техника на месење.

Потребни состојки:

  • 750 гр брашно
  • 1,5 шоља зејтин (од 200 мл)
  • 1 шоља млака вода
  • 2/3 квасец
  • 1 пециво
  • 1 ванила
  • може и рендана кора од лимон за вкус

За фил:

  • 200 гр мелени ореви
  • џем – за оваа доза околу половина до 2/3 од голема тегла (кајсија, слива, јагода)
  • 200 гр шеќер во прав

Од сите состојки се меси тесто, кое треба да биде мазно и меко. Потоа се прават топчиња, кои се плескаа со раце, за да добиете округла форма. На средина се става со мало лажиче од филот со џем и ореви и се формираат како мали поклончиња (бовчички). Внимавајте џемот да не истекува од нив, бидејќи при печење може да загоре.

Редете ги на тава обложена со хартија за печење. Се печат на 200 степени, околу 15-29 минути.

Додека се топли, колачите се валкаат во шеќер во прав. Вкусот им е незаменлив.

Уживајте со кафенце или чај!