Перишиќ ќе остане на „Алијанц“

42

Иако е потешко повреден и не се знае кога ќе се врати на зелниот терен, раководните лица на актуелниот шампион на Германија, тимот на Баерн (М), планираат на крајот од сезоната да го откупат договорот на хрватскиот интернационалец Иван Перишиќ.

Крилниот напаѓач моментално настапува како позајмен играч на „Алијанц арена“ од редовите на италијанскиот калчо гигант Интер, но баварскиот клуб има право да го отктупи неговиот договор и тоа со понуда која нема да биде помала од 20 мил. евра.