Перишиќ сака кај Конте

74

Близок извор до таборот на актуелниот шампион на Италија, тимот на Интер, откри дека хрватскиот интернационалец Иван Перишиќ сигурно ќе си замине од „Џузепе Меаца“ на крајот од актуелната сезона кога ќе има статус на слободен фудбалер. Освен дека ќе ги напушти редовите на Интер, истиот извор откри дека крилниот напаѓач ќе ја прифати понудата на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем затоа што сака повторно да соработува со Антонио Конте.