Возачот на Ред Бул, Серхио Перез не ги крие своите амбиции за следната сезона, а тоа можеби нема да му се допадне на неговиот тимски колега и актуелен шампион, Макс Верстапен.

Мексиканецот е во Формула 1 од 2011 година, може да се нарече ветеран на овој спорт, бидејќи ќе влезе во својата 12-та сезона. Последните две шампионати беше четврти во генералниот пласман на возачи, што се убедливо негови најдобри резултати во кариерата, но и апетитите му се зголемени.

  • Тоа е многу работа, во споредба со она на што бев навикнат во другите тимови. Ред Бул е огромен бренд, уживам во него. Навистина се чувствувам одлично како дел од него. Соработувам одлично со Макс, со инженерите на трката, со сите воопшто. Во моментот кога нема да уживам, ќе биде време кога ќе си заминам дома, истакна Перез.

Неговите амбиции за 2022 година се на највисоко ниво. Популарниот Чеко беше одличен втор возач на Ред Бул минатата година, многу му помогна на Верстапен да ја освои титулата, но сега сака да биде шампион.

  • За следната сезона сакам да бидам во борба за освојување на шампионската титула во конкуренција на возачи. Почнуваме со нови правила, нови болиди. Сите почнуваме од нула. Така, тоа е главната цел за мене, ќе се обидам да ја постигнам, додаде Перез.