Перез опседнат со Ван де Бек

94

Претседателот на шпанскиот гигант Реал (М), Флорентино Перез, не се откажува од намерата да ги осигура услугите на големиот талент од редовите на актуелниот шампион на Холандија, екипата на Ајакс, Дони ван де Бек.

Првиот човек на „кралскиот клуб“ се обиде и за време на летниот преоден рок да ги осигура услугите на офанзивниот играч за врска, но двата клуба не постигнаа договор околу обесштетувањето. Според челниците на Ајакс, репрезентативецот на Холандија вреди околу 60 мил. евра.