Пеп се уште верува во трофеј

35

И покрај тоа што ги загуби Премиер лигата и ФА Купот, менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола верува дека може да стигне до трофеј во тековната сезона.

На „граѓаните“ шансата за трофеј им останува само во Лигата на шампиони.

  • Не размислувам за следната сезона. Имавме можност да освоиме две титули оваа сезона, едната ни отиде. Но, Манчестер Сити сепак е во борба за еден трофеј. Кога ќе ја завршиме сезоната, тогаш ќе ги сумираме впечатоците, изјави Гвардиола.

Сити го очекува реванш со Реал во осминафиналето од ЛШ. На првиот дуел англискиот тим победи со 2:1. Реванш е закажан за 7 август.