Пеп се одлучи за Гуереиро

44

Португалскиот интернационалец од редовите на германскиот бундеслигаш Борусија од Дортмунд, Рафаел Гуереиро, е најновата желба на предводникот на актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола. Трофејниот шпански стручњак е во потрага по нов леб бек, а неговата најнова желба ќе стане реалност веќе ова лето само доколку официјалната понуда за Португалецот не биде помала од 30 мил. фунти.