Пеп, очаен си, а хејтерите имаат право

406

Пеп Гвардиола максимално ги налути шпанските медиуми откако објасни зошто како менаџер на Манчестер Сити може да троши неограничена сума на пари на новите фудбалери, која му ја овозможуваат сопствениците од Обединетите Арапски Емирати.

  • Ние не бевме дел од елитата во последните 30 – 40 години, а тоа моравме да го надокнадиме со купување на фудбалери. Затоа сега не гледаат од високо и со стил: „Што прават тие тука“. За да бидете помеѓу најдобрите светски клубови, мора многу да трошите. Тоа цело време го правеа големите клубови. Зошто Манчестер Јунајтед со години беше на врвот? Истото го правеше Барселона и Реал (М). Не гледам по што ние се разликуваме од останатите елитни клубови, изјави Гвардиола.

Шпанскиот спортски весник „Марка“ неговото објаснување го нарече „очајно“, а „АС“ имаше нешто повеќе да каже: „Гвардиола го кажа тоа кое е музика за ушите на сите негови хејтери. Тој се уште е икона на Барселона, а како оправдување за таковото трошење го посочи Реал (М)“.

Откако пред четри и пол години беше именуван за менаџер на Манчестер Сити, трофејниот шпански стручњак потроши 950 мил. евра на новите фудбалери кои се преселија на „Итихат“. Во изминатите неколку месеци, се повеќе и повеќе го живцираа примедбите дека премногу троши на новите фудбалери, како и коментарите дека еден од најдобрите тренери на светото со најбогатиот клуб речиси пет години по ред не може да го освои трофејот во Лигата на шампион.

Затоа после триумфот во првиот 1/8 финален дуел во Лигата на шампиони против германскиот бундеслигаш Борусија од Менхенгладбах (2:0), кој беше 19-ти по ред во сите натпреварувања, на новинарското прашање дали може да ја објасни победничката серија на неговиот тим Гвардиола саркастично одговори: „Имаме многу пари и затоа купуваме многу неверојатни фудбалери“.

Во саботата Манчестер Сити ја запиша и 20-та победа по ред откако со минимални 2:1 го доби дуелот против лондонскиот премиерлигаш Вест Хем. Со натпревар повеќе, „граѓаните“ имаат дури 13 бода повеќе во споредба со второпласираниот тим на табелата, Манчестер Јунајтед.