Пеп лобира за Коман

64

Предводникот на актуелниот шампион во англиската Премиер лига, тимот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, сака во следната сезона на располагање да ги има и услугите на францускиот интернационалец од редовите на германскиот гигант Баерн (М), Кингсли Коман.

Шпанскиот стручњак е во потрага по игра кој може да игра по крилните позиции, но и да биде достојна замена на Давид Силва, кој ја игра последната сезона во дресот на „граѓаните“. Репрезентативецот на Франција е проценет на 70 мил. евра.