Пеп е опседнат со Роберто

63

Најбогатиот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Сити, повторно ќе се обиде да ги осигура услугите на играчот за врска од редовите на каталонскиот гигант Барселона, Серхио Роберто. Менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, важи за голем фан на играта на повремениот репрезентативец на Шпанија, кој може да игра на повеќе позиции, но никако не може да дојде до статусот на стандарден првотимец. Неофицијално, во следните неколку дена Сити ќе испрати нова понуда за Роберто која нема да биде помала од 45 мил. фунти.