Крилниот напаѓач на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Букаио Сака, е најновата желба на менаџерот на актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола. Трофејниот шпански стручњак е убеден дека репрезентативецот на Англија може да биде идеална опција за двете крилни позиции и затоа побара од клупските челници да подготват официјална понуда не помала од 70 мил. фунти.