Пепе се извини, но не и на Алиоски

173

Францускиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Николас Пепе, им се извини на соиграчите за непромислениот потег и исклучувањето кое го заработи по инцидентот со македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски на натпреварот со Лидс.

  • Го оставив мојот тим на цедило во клучниот период и нема изговор за моето однесување. Многу ми е жал и сакам да им се извинам на навивачите, на соиграчите, на тренерот и на сите во клубот, напиша Пепе на својот Инстаграм профил.