Американското Министерство за одбрана одобри испраќање на дополнителни 2.100 војници на границата на САД со Мексико.

Како што пренесуваат светските агенции, од нив 1.100 се војници, а 1.000 членови на Националната гарда на Тексас.

Првите ќе обезбедуваат логистичка и административна поддршка и ќе вршат разузнавање во воздух. Вторите ќе и помогаат на Службата за царинска и гранична заштита во привремените центри за престој на мигранти во градовите Дона и Торнио.

Пентагон веќе има испратено на границата околу 2.500 војници и 2.000 членови на Националната гарда.