Пентагон не е сигурен дали рускиот конвој кај Киев „сè уште постои“

54

Пентагон денеска соопшти дека не знае дали рускиот конвој со воени возила што се приближува кон Киев, кој се протегаше на околу 65 километри, „сè уште постои во овој момент“.

– Помина долго време. Тие всушност никогаш не ја исполнија својата мисија, рече портпаролот Џон Кирби.

Како што јави Би-Би-Си, Кирби рекол дека „закочениот конвој никогаш не бил повторно снабден и правел мал напор да напредува кон главниот град дури и пред Москва да ги објави своите планови за репозиционирање на војниците“.

– Ние не мислиме дека тие правилно ја планираа логистиката и одржување на силата со таква големина на терен во борбени услови, рече Кирби.