Пентагон: Активностите на САД во Црното Море се „рутински“ 

112

Официјален претставник на Министерството за одбрана на САД, Џон Кирби, денеска изјави дека активносите на американските бродови во Црното Море имаат „рутински карактер“. Тој изјави дека Вашингон такви операции во регионот изведува регуларно

-Во тоа нема ништо ново. Вршење на активности во Црното Море и не целата територија на Европската команда е со рутински карактер, и немам намера да зборувам за хипотетички и идни операции. Тоа е нормален развој на ситуацијата за воениот пероснал на САД, изјави Кирби  на брифингот.

Изјави дека САД го координираат пловењето на бродовите во Црното Море со Турција во рамки на конвенцијата Монтре. 

Според овој договор од 1963 година, согласно кој Турција ги контролира црноморските теснеци, САД се обврзани да ја информираат Анкара за намерата дека сакаат да впловат во водите на Црното Море, и тоа 14 дена до пристигањето на бродовите.

Кирби истакна дека нема да ги потврдува извештаите во турските медиуми дека два брода влегле во Црното Море. Турција ги информираше учесниците на конвенцијата Монтре, вклучително и Русија, за премин на воени бродови на САД од Медитеранското во Црното Море и во обратен правец. 

Според информации на турката телевизија НТВ, во Црното Море ќе впловат разурнувачите Roosevelt и Donald Cook. 

Администрацијата на Џо Бајден и меѓународната заедница повеќепати досега изразија загриженост поради зголемената напнатост меѓу Украина и Русија. Во изминатите две недели, речиси целото раководство на САД разговараше со украинските колеги за оваа ситуација. Бајден и државниот секретар Ентони Блинкен разговараа со претседаетлот Володомир Зеленски. 

Портпаролот на Белата куќа, Џен Псаки, на последниот брифинг изјави дека Администрацијата е „сериозно загрижена“ со акциите на Русија. Таа изјави и дека САД разговараат со сојузнците за ова. 

-Русија сега има војска на границата со Украина повеќе од кога и да било после 2014 година, изјави таа и додаде дека само оваа недела биле убиени пет украински војници. 

-Тоа се опасни предзнаци, изјави таа. Според неа, подготовката на извештајот за злонамерните активности на Русија ќе биде завршен „во наредните недели“. 

Загриженост од поведението на Русија изразија и Пентагон и Стејт департментот.

Извор:МИА