Пензионери од тајванска пералница станаа Инстаграм ѕвезди

70

Двајца пензионери, сопственици на една тајванска пералница за облека, станале ѕвезди на Инстаграм откако внукот ги натерал да му позираат во плакарот со облека која што корисниците на пералницата ја заборавале со текот на годините.

Повеќе од половина милион луѓе почнале од јули да го следат профилот на Инстаграм на двајца пензионери од Тајван, кои позираат во облека во една пералница за облека.

Чанг Вај-џи (83)(и неговата сопруга Хсу-Хсиу-е (84) во објективот на триесетгодишниот внук изгледаат како фотомодели, а инстаграм корисниците веднаш ги засакале.

https://www.instagram.com/p/CCJHus5h9Rj/?utm_source=ig_embed

 

Тие по децении работење во пералницата, се затекнале во ситуацијата со вирусот корона, кога се намалила посетата, па вникот одлучил да им внесе малку забава во животот, истапувајќи со предлог да му позираат во облеката која нивните клиенти ја оставале во продавницата во долгата низа години.

На фотографиите менуваат шапки, шамии, очила, ретро костими…

https://www.instagram.com/p/CCkXYriHJeT/?utm_source=ig_embed

 

Страницата @eantshowasyoung со двајца осумдесетгодишници со стил набрзо стана многу популарна. Само две лица дошле по заборавените работи, вели внукот. Ама, додава, неговите дедо и баба добиле многу повеќе – почит, симпатии, благодарност за измамената насмевка.

Извор:www.msn.com/eng-sg