Пендаровски со поддршка за Марија Драгојловиќ, која вербално беше нападната од возрасно машко лице

108

Марија Драгојловиќ среде бел ден вербално е нападната од возрасно машко лице во Младинскиот центар „Сакам да знам” на асоцијацијата ХЕРА. Се заканил дека ќе ја запали и Марија и Центарот. Поддршка за Марија бидејќи никој не смее да биде предмет на дискриминација, објави претседателот на државата Стево Пендаровски на неговиот фејбук профил.

– Да реагираме бидејќи ова не смее да се случи повторно, напиша шефот на државата Пендаровски на фејсбук.