Пендаровски: Прво попис, па предвремени избори

124

Претседателот Стево Пендаровски не коментира дали е можно да падне Владата поради случајот „Рекет“, но лично смета дека предвремени избори не се од интерес на државата до крајот на годината кога очекува комплетно интегрирање на земјата во НАТО и почнување на преговорите со ЕУ.

– Тоа е работа на луѓето кои ја предводат Владата и политичките партии кои ја сочинуваат. Нивната политичка проценка е најбитна, а по Уставот е јасно – кој има 61 глас од 120 пратеници тој е на власт. Ако сакаат да одат на предвремени избори, повторно  61 глас го распуштаат Собранието. Не ги знам какви се нивните планови од оваа позиција не смеам ни да ги прашувам. Од позиција на претседател кој се грижи и за евроатлантските интеграции, што му е и надлежност, мислам дека минимум додека не ги затвориме овие битни прашања до крајот на годината не би требало да одиме на предвремени избори. Сакам да ја видам Северна Македонија комплетно интегрирана во НАТО и со почнати преговори со ЕУ. Тоа е од интерес за државата, рече Пендаровски одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата по повод последните случувања поврзани со случајот „Рекет“.

Тој нагласи и дека не би одел со предвремени избори пред да биде спроведен попис, кој, смета дека, и е преку потребен на државата за да изгради каква било фундирана развојна политика во сите клучни области.