Пендаровски на инаугурацијата на турскиот претседател Ердоган

37

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ќе присуствува на свечената церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

По церемонијата на стапување на должност, предвидено е присуство на свечена вечера во замокот Чанкаја која ја приредува домаќинот за шефовите на држави и влади и другите високи гости кои ќе бидат присутни на инаугурацијата во Анкара.

Реџеп Таип Ердоган победи во вториот круг од претседателските избори во земјата и то освоениот мандат влезе во третата деценија од своето владеење.