Пендаровски – Жидан: Словенија е наш докажан поддржувач во секој аспект

23

Република Словенија е докажан пријател и поддржувач на Северна Македонија во секој аспект, особено во евроинтеграциските процеси, што беше потврдено и со брзата ратификација на Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО во Државниот збор, порача претседателот Стево Пендаровски на денешната средба во Скопје со претседателот на Државниот збор на Република Словенија, Дејан Жидан.

На средбата, информираат од Кабинетот на Претседателот,  беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, а Пендаровски истакна дека членството на земјава во НАТО позитивно ќе влијае на стабилноста и просперитетот на целиот регион.

Во контекст на аспирациите за членство во Европската Унија, а во очекување на усвојување на новата методологија за водење на пристапните преговори, претседателот Пендаровски го реафирмираше очекувањето за одредување на датум за пристапни преговори за време на хрватското претседателство со Унијата.

На средбата беше разговарано за можностите за унапредување на односите меѓу двете држави, вклучително и на парламентарно ниво