Пендаровски ги разреши старешните кои ги унапреди Иванов

Двајца од старешините, врховниот командант Пендаровски, со нови укази ги поставил на истите должности, а еден е поставен на друга позиција. Двајца од разрешените сеуште не добиле нови работни задачи. За нив, како што информираа од Кабинетот на претседателот се бараат нови соодветни ангажмани. За указот на Иванов со кој генералот мајор Васко Ѓурчиновски добил чин генерал потполковник, Пендаровски е немоќен, бидејќи како што појаснија од Кабинетот нема правна основа за одземање на чин, освен во исклучителни ситуации

146

Претседателот на Република Северна Македонија и врховен командант Стево Пендаровски потпишал укази со кои разрешил петмина од шесте старешини кои неговиот претходник Ѓорге Иванов ги постави со укази по распишувањето на претседателските избори на 8 февруари годинава.

 -Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, потпиша укази за разрешувања, поставувања и отповикувања во Армијата на Република Северна Македонија. Претседателот Пендаровски постапи по одлуката на Државната комисија за спречување на корупцијата, која утврдила дека поранешниот претседател на државата, Ѓорге Иванов, со донесените укази за поставувања во Армијата на 25 февруари 2019 година, за време на изборниот период сторил дејствија што се забранети за време на изборниот процес и со тоа ја прекршил одредбата од членот 8-а, став 1, алинеја 2 од Изборниот законик и одредбата од членот 34 став 1 алинеја 2 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, соопштија од Кабинетот на претседателот Пендаровски.

Двајца од старешините, врховниот командант Пендаровски, со нови укази ги поставил на истите должности, а еден е поставен на друга позиција. Двајца од разрешените сеуште не добиле нови работни задачи. За нив, како што информираа од Кабинетот на претседателот се бараат нови соодветни ангажмани. Генералот мајор Васко Ѓурчиновски, кои поранешниот претседател на 25 февруари го унапредил во генерал потполковник го задржува повисокиот чин, бидејќи како што појаснија од Кабинетот на Пендаровски нема правна основа за одземање на чин, освен во исклучителни ситуации кога лицето кривично се огрешило пред законот или направило сериозен дисциплински прекршок, што во овој случај не е така.

Пендаровски не можел да ги прогласи овие укази на Иванов како ништовни, затоа што ДКСК одлучила дека не се поврзани со корупција. Претседателот на државата е врховен командант и нема право на жалби по неговите укази.

Сите нови укази се испратени за објава во Службен весник.

Пендаровски одлучил да постапува затоа што Државната комисија за спречување корупција донела одлука дека со овие укази на Иванов е прекршен Изборниот законик, а правните советници во кабинетот утврдиле дека нема законски основ за поништување на указите што ги донесе Иванов и покрај одлуката на Антикорупциска од која поранешниот претседател на државата доби две прекршочни пријави за овие укази.

Пендаровски не можел да ги прогласи овие укази на Иванов како ништовни, затоа што ДКСК одлучила дека не се поврзани со корупција. Претседателот на државата е врховен командант и нема право на жалби по неговите укази.

Со новите укази Пендаровски им ги потврди унапредувањата од Иванов на бригаден генерал Орце Јордев и полковник Маријо Јурушиќ. Јордев останува заменик на командантот на здружената оперативна команда на Генералштабот на Армијата, а Јуишиќ одбранбено аташе во Париз.

Бригадниот генерал Мирче Ѓоргоски кого Иванов го назначи за воен претставник на земјава во НАТО, со указ на Пендаровски се отповикува од оваа позиција и дополнително треба да му се најде место, согласно потребите на Армијата. Во овие клучни моменти, сеуште не е поставен претставник во НАТО во Брисел на местото на генералот Ѓоргоски. Од Кабинетот на Пендаровски велат дека тоа ќе се случи кога ќе биде изнајдено содветно решение, а во моментов има вршител на должност, односно (chargé d’affaires).

Поништен е и указот за унапредувањето на полковник Драган Ковачки кој беше назначен од Иванов за командант на 1. Механизирана пешадиска бригада во Здружената оперативна команда во Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија. Согласно чинот полковник, надлежно за негова прераспределба е Министерството за одбрана. Полковник Бесник Емини, е разрешен од началник на штаб во Здружената оперативна команда во Генералштабот на Армијата и се поставува за командант на 1.Механизирана пешадиска бригада во Здружената оперативна команда во Генералштабот на Армијата.

Началникот на Генералштабот, Васко Ѓурчиновски, со указ од 25 февруари 2019 година беше унапреден од чин генерал-мајор во чин генерал-потполковник. Од Кабинетот на претседателот Пендаровски појаснија дека во Законот за одбрана нема законски основ за одземање на чин, освен доколку носителот на чинот е лично одговорен за определени противзаконски дејствија, како што се кривично дело или тешка дисциплинска повреда, со што Ѓурчиновски го задржува чинот.

Од Кабинетот на претседателот велат дека за назначувањата на Иванов одговорен е само тој, а старешините немаат никаква вина. Од Вила водно посочуваат дека со указите од претседателот Пендаровски завршуваат надлежности на оваа институција. Но правниците посочуваат дека правно, случајот може да се продолжи од страна на Јавното обвинителство. (В.С.Н.)