Пендаровски ги прими членовите на Комисијата која го следи покривањето на официјален јазик на радиодифузерите кои реемитуваат спортски програмски содржини

30

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими членовите на Комисијата за следење на имплементацијата на препораката на Владата за јазично покривање на официјален јазик на радиодифузерите кои реемитуваат спортски програмски содржини на територијата на Северна Македонија.

На средбата, како што соопштија од Кабинетот на претседателост, се разговарало за статусот на спроведувањето на оваа препорака.

Соговорниците се осврнале на правната регулатива за ова прашање во Законот за аудиовизуелни медиумски услуги, како и Европската регулатива за прекугранични телевизии која е посочена и во нашиот Закон како меродавна за оваа проблематика.

– Членовите на Комисијата го запознаа претседателот Пендаровски за исходот од досегашните разговори со операторите кои емитуваат спортски канали, во контекст на спроведување на локализацијата, особено анализата на договорите за лиценцните права врзани за територијата на нашата држава, се вели во соопштението.