Пендаровски ги испрати одлуките за прогласување вонредна состојба до Собранието за потврдување

294

Претседателот Стево Пендаровски, согласно со Уставот, денеска ги испрати петте одлуки со коишто беше прогласена вонредна состојба во државата во услови на пандемија на вирусот Корона, за потврдување од страна на Собранието.

Одлуките, како што е наведено во соопштението од Кабинетот на претседателот Пендаровски, беа донесени во периодот од март до јуни оваа година на предлог на Владата и во ситуација на распуштено Собрание, без можност да одржи седница на која самото би можело да одлучува за потребата од вонредна состојба во услови на пандемија.