Пендаровски бара на Џамбаски да му се забрани влез во Македонија

41

Претседателот Стево Пендаровски по состанокот на Советот за безбедност денеска побара да му се забрани влез на  бугарскиот европатеник Ангел Џамбаски. Пендаровски не го именуваше, но рече дека се работи за „ еден пратеник од Бугарија во Европскиот Парламент“.

„Мој предлог до Владата кој го изнесов и на седницата е согласно одредбите на Законот за странци да му забранат влез во нашата држава на еден пратеник од Бугарија во Европскиот Парламент и на неколку други лица, државјани на Република Бугарија заради дејствијата кои порано ги преземале и сѐ уште ги преземаат против нашата држава. Законските услови за изрекување на таква мерка постоеле и порано и сѐ уште постојат. Тоа се трите, според законот ги цитирам, закана за јавниот поредок, закана за националната безбедност и закана за меѓународните односи на Република С. Македонија“, изјави Пендаровски.

Ангел Џамбаски неодамна беше во Македонија и од центарот на Скопје порача дека Македонија е бугарска. Тој дојде во земјава по повод чествувањето на ликот и делото на херојот Мара Бунева.