Кошаркарите на Пелистер имаа деби за заборав во АБА2 лигата, откако на премиерниот меч загубија од Ловќен со 108:85.

Покрај катастрофалната одбрана, тимот од Битола имаше и неверојатна серија од 23 примени кошеви, а само четири дадени (на крајот од втортата и почетокот од третата четвртина), што на крајот резултираше со ваков убедлив пораз.

Најефикасен кај македонскиот претставник беше Никола Малешевиќ со 21 поен, Бојан Трајковски реализираше 20, а Кесар постигна 17 поени.

Пелистер во второто коло од турнирот на Златибор в петок ќе се сретне со екипата на Сутјеска.