Кошаркарите на Пелистер ја оправдаа фаворитската улога на гостувањето кај МЗТ Скопје УНИ Банка со 81:95.

За гостите ова е единесетта победа во македонското првенство, а до неа ја предводеа Кесар со 25 и Трајковски со 20 поени, додека на спротивната страна Монтгомери запиша 27 поени.

До триумф дојдоа и кошаркарите на Вардар кои направија изненадување против Кожув совладувајќи го со 95:86.

ФОТО: Петр Стојановски