Педри е достапен за само милијарда евра

72

Каталонскиот гигант Барселона и големиот талент Педри и официјално потпишаа нов договор кој е со важност до 30. јуни 2026 година. Сосема очекувано, во новиот договор има и ослободителна клаузула која ќе биде активирана само доколку заинтересираниот клуб испрати официјална понуда не помала од милијада евра.

Иако има само 18-години, Педри во последните неколку месеци е еден од главните играчи во дресот на Барселона и во репрезентативниот на Шпанија. Според „Трансфермаркет“, офанзивниот играч за врска вреди околу 80 мил. евра, но челниците на Барса ќе седнат на преговарачката маса само доколку официјалната понуда не е помала од милијарда евра.

Освен Педри, таква ослободителна клаузула имаат и фудбалерите на Реал (М), Карим Бензема и Фредерико Валверде.

Фантастичниот играч за врска во голем стил ја одработи изминатата сезона во дресот на Барселона, а истото го направи и на двете големи натпреварување кои се случија изминатото лето.

Прво беше пофален за тоа кое го прикажа на последното ЕП 2020, а потоа беше еден од најзаслужните за олимпиското сребро кое репрезентацијата на Шпанија го освои на ОИ во Токио.

Од почетокот на сезоната 2020/2021 па се до крајот на Олимписките игри, Педри одигра рекордни 73 натпревари. Зад него се Бруно Фернадеш (72 натпревари), Мејсон Маунт (69) и Антоан Гризман (68). Од 73 натпревари, Педро одигра 52 за Барселона каде сега е еден од главните играчи во тимот кој е предводен од Роналд Куман.