Педро го најави своето заминување од Челзи

31

Напаѓачот на Челзи, Педро го најави своето заминување од клубот. Шпанецот играше за „сините“ пет години.

  • По пет прекрасни години, мојата етапа во Челзи заврши. Голема благодарност до управата на клубот, тренерите и соиграчите за времето поминато со нив. Тука секако се и навивачите. Бев многу среќен во Лондон, а Челзи ме натера да се чувствувам како дома. За мене беше огромно задоволство и чест да играм за овој клуб и да освојувам титули, како и да играм во една од најдобрите фудбалски лиги во светот, напиша Педро на Инстаграм.