Педесет грантисти, кои учествуваат во проектот „Управување со сливот на река Струмица“, се обучуваат на терен за примена на современи агроеколошки мерки.
-На овие обуки експерти од областа на овоштарството, градинарство, почви, наводнување и заштита им даваат стручни совети на земјоделските производители со цел подобрување на квалитетот на земјоделските производи и приносот со истовремено намалување на трошоците за нивно производство и секако заштита на животната средина, информираат од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.
Педесетте грантисти добија поединечен грант во износ од пет илјади евра, а проектот го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, општините од сливот и други релевантни институции, а е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка.