„Пајак“ ќе ги подига возилата паркирани на зелените површини во Карпош

806

Општина Карпош во соработка со јавното претпријатие „Градски паркинг“ започна акција за отстранување на возилата кои се непрописно паркирани на зелените површини на нејзината територија.

Од локалната самоуправа ги известуваат сите граѓани да ги паркираат своите автомобили прописно, на места кои се предвидени за паркирање.

– Доколку некое возило биде паркирано непрописно, односно со својата позиција го узурпира јавното зеленило, истотото ќе биде отстрането од пајак службата на ЈП „Градски паркинг“- потенцираат од Општина Карпош.