Триста и девет непрописно паркирани возила санкционирала Сообраќајната полиција минатата недела.

– Во периодот од 15 до 22 јули со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП Паркинзи на Општина Центар  отстранети се 132 непрописно паркирани возила, од кои едно несовесно паркирано возило на паркинг место наменето за лица со посебни потреби, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 177 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани – информираат од ЈП ПОЦ.

Оттаму апелираат до граѓаните да се придржуваат до пропишаните правила и прописи за безбедно однесување во сообраќајот со цел да се зачува безбедноста на останатите учесници во сообраќајот и реши проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на општина Центар.