Пајакот подигнал 69 непрописно паркирани возила

30

Во текот на изминатата недела, од 02.07 до 15.07.2020 година, со пајак се подигнати вкупно 69 возила од јавните површини.

Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 10 се отстранети од зонските паркиралишта, а другите 59 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 273 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 10 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.