Пајакот на ЈП „Градски паркинг“ подигнал 215 непрописно паркирани возила

41

Во текот на изминатата недела, од 10.09 до 16.09.2020 година, со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 215 возила од јавните површини.

Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 28 се отстранети од зонските паркиралишта, а другите 187 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 343 возило, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 28 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

Градските власти апелираат сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото.

Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка.