Празниците и послужувањата нема потреба секогаш да се поврзуваат со кифлички и руска салата. Паштетите се секогаш добредојдени за закуски и мезење во друштво, особено во претпразничните денови. Избор на интегрални крекери, или потпетчени лепчиња се усогласуваат одлично со овие паштети, како и сечкан свеж зеленчук, или кисели краставички и маслинки.

Потребно е:

  • Сончоглед
  • Леблебија
  • ореви
  • Лешници
  • Таан
  • Сол
  • Зачини по желба
  • Цвекло
  • Моркови
  • Вода, по потреба

Приготвување:

Се приготвуваат три вида на паштети.

За секоја треба да се издвои по една шолја варена леблебија.

Еден дел од лешниците малку потпечете го, па сомелете ги.

Сомелете ги и оревите, а потоа и леблебијата. Цвеклото сварете го, излупете го па исечкајте го на ситно, а потоа иситнете го во блендер.

Во посебен сад измешајте ги таанот, малку топла вода, варената леблебија, мелените семки од сончоглед, лешниците, оревите.

 

Сето тоа измешајте го убаво, со повремено додавање вода, а ако не јадете посно, додавајте по потреба маслиново масло.

На крајот додадете ги зачините и солта.
За различна боја и малку инаков вкус во втората паштета додадете го цвеклото, а во третата морковот.