Пацоли го поздрави изгласувањето на Преспанскиот договор во грчкиот Парламент

48

Косовскиот вицепремиер и шеф на дипломатијата Беџет Пацоли ја поздрави ратификацијата на Преспанскиот договор во грчкото Собранието, оценувајќи ја како храбар чекор, кој придонесува за иднината на двете земји и на цецлиот регион, јави дописникот на МИА од Приштина.

Косовското МНР, преку соопштение, ги пренесе честитките на Пацоли до грчкиот премиер Алексис Ципрас и до двете земји за, како што вели, храбите одлуки кои се во полза на Македонија и Грција, но и на целиот регион.

– Силно ја поздравувам ратификацијата на Договорот од Преспа во Парламентот на Грција. Им ракоплескам на грчкиот премиер Алексис Ципрас и на двете земји, за донесувањето на храбрата одлука за подобра иднина на Грција и Македонија. Ова е значаен чекор и за целиот регион, порача шефот на косовската дипломатија.