Пациентот тестиран на Инфективна нема корона вирус

180

Италијанскиот државјанин кој од Милано вчера допатувал во Македонија е тестиран и нема корона вирус, потврдија од Министерството за здравство. Тој во Скопје пристигнал со попладневниот лет на „Визер“, а на клиниката се пријавил поради стомачни тегоби.

Претходно Министерството за здравство соопшти дека на Инфективната клиника во Скопје се врши тестирање на корона вирус на едно лице со симптоми на грип.

Пациентот има лесна клиничка слика, нема покачена телесна температура и неговата состојба е стабилна. Се работи за лице кое денеска со попладневниот лет од Милано пристигнало во Скопје. Патникот поминал низ термалната камера, која кај него не дијагностицирала симптоматологија на болест. И самиот пациент, првите симптоми ги почувствувал по доаѓањето дома, по што се јавил на Инфективната клиника во Скопје и бил примен во 22:00 часот.