Пахор во посета на Белград и Приштина

31

Претседателот на Словенија, Борут Пахор, в недела ќе допатува во Белград на средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, додека следниот ден во Приштина негов соговорник ќе биде претседателката на Косово, Вјоса Османи, пишува денеска Морел.

Пахор в понеделник ќе се сретне и со косовскиот премиер Албин Курти, а потоа ќе ги посети словенечките војници како дел од мисијата на КФОР.

Теми на разговорите во Белград и Приштина ќе бидат дијалогот меѓу Србија и Косово, ситуацијата на Западен Балкан и европската перспектива на регионот, како и подготовките за средбата во рамки на процесот Брдо-Бриони, соопшти кабинетот на словенечкиот претседател.