Пахор во ОН повика на ефикасен мултилатерализам

32

Словенечкиот претседател, Борут Пахор, на 76-та сесија на Генералното собрание на ОН зборуваше за пандемијата на Ковид 19, климатските промени, мирот и безбедноста и ги повика светските лидери на поефикасен мултилатерализам.

Пахор ја поздрави намерата на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш да организира широка дебата за заедничката иднина и рече дека луѓето мора да се вклучат во смислена дискусија и дијалог, дури и со оние со кои не се согласуваат.

– Културата на дијалог опасно се влоши поради распространетиот нетолерантен, навредлив, дури и исклучувачки говор на омраза, нагласи словенечкиот претседател.

Пахор го изрази своето најдлабоко сочувство до сите оние кои страдаа поради пандемијата на Ковид-19, за која рече дека се покажала како предизвикувачка за општеството и која, според него, родила нови херои како медицински работници, негуватели, научници, но и наставници и млади генерации, кои се бореа со ограничен пристап до образование.

Во однос на климатските промени, тој рече дека неговата земја, како претседавач со ЕУ, е посветена на целта за создавање климатски неутрална Европска унија до 2050 година.