Пау Гасол ја заврши репрезентативната кариера

56

Центарот Пау Гасол објави дека се повлекува од репрезентацијата на Шпанија, откако денес беше поразен од САД (81:95) во четвртфиналето на Олимпијадата во Токио.

  • Го одиграв мојот последен натпревар за репрезентацијата. Се обидов да направам се за да му помогнам на тимот. Денес би сакал да играм повеќе, но ги доживувам сите подеми и падови со репрезентацијата веќе 20 години. Благодарен сум на овој тим за поминатите моменти со него. Фактот што дојдов тука да играм веќе е успех. Би сакал нешто да биде поинаку, но ждрепката не ги донесе САД во четвртфиналето, изјави Гасол за „ОК Диарио“.

Како дел од шпанската репрезентација, 41-годишниот Гасол стана светски шампион и трикратен европски шампион.

Исто така, заедно со националниот тим, тој двапати освои сребрени медали на Олимписките игри и еднаш стана бронзен медалист.