Патокази за локации значајни за туризмот

94

Околу 400 локации значајни за туризмот во Кавадарци ќе добијат патокази. Дрвените патокази кои покажуваат на која оддалеченост се наоѓаат локациите значајни за посетителите, општината ги доби како донација.

– Овие патокази ќе бидат поставени на 40 столба распоредени на повеќе сообраќајници, раскрсници, булевари, на секој столб по неколку. Таа работа ќе ја завршиме до почетокот на традиционалната стопанско туристичка и културна манифестација „Тиквешки гроздобер” која ќе се одржи на 6, 7 и 8 септември, информираше кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

Целта е развој на туризмот и промоција на природни убавини и други објекти кои заслужуваат да бидат видени.

На патоказните столбови, покрај излетнички места во и околу градот, културни и  спортски  институции,  свое место ќе најдат и угостителските објекти.