Патничко моторно возило „ауди“ излетало од коловозот, возачот поминал со потешки повреди

71

Вчера, на 27.05.2023 година,  во 21:15 часот било пријавено дека во Скопје на крстосница од булеварот „Христијан Тодороски – Карпош“ и улицата „Натанаил Кучевишки“ патничко моторно возило ауди со скопски регистарски ознаки, управувано од М.В.(43) од Скопје, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил сопатникот Ф.Е.(34) од Скопје констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.