Партијата на Каракачанов одржа протест насловен „Не ја изневерувајте Македонија“

53

Денеска во Кресна бугарската партија ВМРО на поранешниот министер за одбрана, Красимир Каракачанов, одржа протест насловен „Не ја изневерувајте Македонија“, против евентуалното паѓање на бугарското вето за отпочнување на преговорите за влез на Македонија во ЕУ.

Демонстраните ја блокираа Кресненската клисура и извикуваа пароли „И порано и сега, Македонија е бугарска“.

„Од 4 мај одржуваме различни акции за да покажеме дека владата не е надлежна за нашите односи со Северна Македонија. Историската вистина е на наша страна“, изјави еден од демонстрантите Владимир Митов за Нова.