Кошаркарите на Партизан се на чекор до пласман во пејофот во Евролигата откако извојуваа победа вредна злато на гостувањето кај Виртус Болоња (88:79).

Партизан сега има скор 15 победи и 12 порази и се наоѓа на шестата позиција на евролигашката табела, на седум кола до крајот на регуларниот дел од шампионатот.

Резултати: Алба Берлин – Жалгирис 63:66, Олимпијакос – Барселона 77:70, Валенсија – Милано 84:88, Реал Мадрид – Басконија 81:85.