Кошаркарите на Партизан се на чекор до плејофот во Евролига, откако на гости го совладаа актуелниот шампион Анадолу Ефес, со 97:84, иако имаа негатива од 17 поени разлика.

Домаќините одлично го почнаа мечот, во текот на првиот период имаа предност и од 23:6, но потоа „црно-белите“ брзо го свртеа мечот, уште во втората четвртина. До крајот Партизан играше се подобро за 16. победа во Евролига. Најефикасен во составот на Партизан беше Пантер со 19 поени, додека на спротивната страна Клајбурн реализираше 22 коша.