Предводникот на македонскиот ракометен шампион Вардар, Роберто Гарсија Парондо, за шпанските медиуми проговори за проблемите со кои се соочува клубот во финансиска смисла, но исто така дека сопственикот Сергеј Самсоненко им ветил дека ќе им ги исплати сите долгови.

  • Пласманот во Келн го заслуживме иако имавме тешка и комплицирана сезона. Вардар беше шампион пред две години и да, изненадувачки е што таму стигнавме и оваа сезона. Тимот има добиено плата само за еден месец, а потоа целата сезона добиваме по само 500 евра, кои се загарантирани со закон. Во Македонија не можете да живеете со 500 евра, па кога некој има потреба за повеќе пари, оди кај претседателот и тој му дава одредена сума. Претседателот го призна долгот и пред нотар и не осигура дека на никој нема да му се должи ништо и дека тимот не треба да биде во очај иако немаме идеални услови за живот, вели Парондо за шпански „АС“.

Парондо исто така истакна дека Вардар можеби го чекаат и подобри денови, бидејќи има најави за спас на клубот.

  • Пред дуелот со Пик Сегед во четвртфиналето во ЛШ не информираа дека клубот нема иднина и дека сите треба да си бараме клубови за следната сезона, бидејќи клубот ќе згасне. За среќа сега има најави за подобри денови и дека можеби ќе има решение. Тоа секако се добри вести за ракометот во Македонија, бидејќи Вардар има многу навивачи, додава Шпанецот.