Парламентарната комисија на Турција го одобри нацрт-законот за влез на Финска во НАТО

37
EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Во мај 2022 година, Финска и Шведска поднесоа барање за членство во НАТО, но нивната кандидатура за влез беше веднаш отфрлена од Анкара, која побара од нордиските земји да ги прогласат курдските организации за терористички, да екстрадираат во Турција лица обвинети за терористички активности или помагање и поттикнување обид за државен удар во 2016 година, заедно со укинувањето на ембаргото за оружје за Турција.

Анкара подоцна ја ревидираше својата позиција за Хелсинки, истакнувајќи дека генерално ги почитувала условите од меморандумот за антитероризам потпишан со Финска и Шведска.

Турција се уште има сериозни поплаки против Шведска и вели дека Стокхолм сè уште не е подготвен за членство во НАТО.