Пари и Артур за Заниоло

61

Најтрофејниот клуб во италијанската Серија А, Јувентус, не се откажува од намерата да ги осигура услугите на големиот талент од редовите на Рома, Николо Заиоло. Италијанските медиуми информираат дека „старата дама“ подготвува две понуди за младинскиот репрезентативец. Првата е парична и вреди околу 50 мил. евра, а втората понуда е 10 мил. евра и во обратната насока да се упати бразилскиот интернационалец Артур.