Парите предвидени за новогодишно украсување на Неготино, ќе се донираат во Ковид центарот при Здравствениот дом

35

Поради состојбата со пандемијата од коронавирусот во државата, а воедно и Општина Неготино, годинава одлучивме дел од средствата кои беа предвидени за украсување на општината по повод Новогодишните празници, да ги донираме за Ковид одделението во ЈЗУ „Здравствен дом“ Неготино. Вака попладнево информираше неготинскиот градоначалник Тони Делков на Фејсбук.

-Oваа одлука денес едногласно ја донесе Советот на општина Неготино на својата петнаесетта вонредна седница, со што општина Неготино ќе донира 100.000 денари за потребите на Ковид дневното одделение во ЈЗУ „ Здравствен дом“ Неготино. Имено, Општина Неготино годинава ќе направи скромно украсување на градот со материјалите кои ги имаме набавено од претходните години, со што ќе придонесеме барем малку позитивно да се чувствуваат нашите граѓани во текот на Новогодишните празници, додаде Делков.

Извор:МИА