ПАРИС ХИЛТОН СТАНА МАЈКА: Се роди наследникот на империјата/ФОТО

158
Фото: instagram printscreen/parishilton

Наследничката на синџирот на најпознати хотели, модел и актерка, Парис Хилтон, стана мајка во петтата деценија, односно на 41-годишна возраст.

Среќната вест ја објави на својот Инстаграм профил, каде ја следат повеќе од 20 милиони луѓе.

Таа и нејзиниот сопруг Картер Реум станаа родители на момче преку сурогат мајка.

„Веќе си бескрајно сакан“, напиша таа покрај фотографијата на која го држи новороденчето за рака.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paris Hilton (@parishilton)

Нејзината долгогодишна пријателка, старлетата Ким Кардашијан и манекенката Хајди Клум напишаа дека се „толку среќни за нив“, а на честитките им се придружија и актерката Линдзи Лохан, пејачката Деми Ловато, манекенката Миранда Кер…