Париз затрупан во смет, повеќе од 10.000 тони ѓубре остана на улиците

48
EPA-EFE/MOHAMMED BADRA

Над 10.000 тони ѓубре има на улиците на Париз поради штрајкот на градските работници за собирање смет, соопштија денеска градските власти.

Властите на социјалистичката градоначалничка на Париз, Ан Идалго, посочија дека ниту еден камион за собирање ѓубре не излегол на улиците.

Тие 12 дена штрајкуваат против реформата на пензискиот систем со која се предвидува пензионирање на 64 години, наместо на 62 како досега.

Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманен изјави дека има компании кои се обврзале да го отстранат ѓубрето.

Реформата на пензискиот систем, која Владата сега ја турка покрај Собранието, предизвика хаотична состојба со секојдневни протести од ретко видени размери и штрајкови.